• сабота, 27 јули 2024
МИА Најави МКД
26 мај 2022  Скопје - Собранието на Рeпублика Северна Македонија ќе ја одржи 72 седница. (Сала „Македонија“/11:00) Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 4/10:00) Скопје - Министерот за финансии Фатмир Бесими и ЕУ амбасадорот Дејвид Гир ќе одржат заедничка прес-конференција, а по повод Заедничките заклучоци од Економскиот и финансиски дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција, што беа усвоени во Брисел. (Министерство за финансии, 9 кат/9:30, пристигнување на медиумите/9:15) Струмица - Заменик-министерот за образование и наука Лулзим Алиу ќе го посети средното училиште „Никола Карев“. (Изјави за медиумите во дворот на училиштето/12:00) Скопје - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе одржи брифинг на кој ќе информира за теквоните активности на Министерството за култура. (ресторан „Маџо 2.0“, спроти Општина Центар, Дебар Маало/ 10:00) Скопје -  Уставниот суд ќе ја одржи 17. седница. (Уставен суд/ 9:30) Скопје - „Саем за кариера 2022“ во организација на Универзитетот „Мајка Тереза“. (УМТ, зграда на ССМ, ул. „Мирче Ацев“ бр.4/10:00) 

Прилеп - Работилница на тема „Методологија на научноистражувачката работа користена при истражувањето на културното наследство во нашава држава“ во организација на Институтот за старословенска култура од Прилеп.

Скопје - Информативен настан за „Одржани регионални средби со службениците за млади за информирање и поддршка во процесите на основање на младински центар во секоја општина“ во организација на Сојуз за младинска работа и Агенцијата за млади и спорт.  (ул. „Македонија“ бр. 38, Палата Панко Брашнаров, 8-ми кат/9:30)

Скопје - ЦИВИЛ ќе одржи онлајн настан на тема „Циркуларна економија: Потенцијали и предизвици за идните генерации“. (https://www.facebook.com/civil.mk/12:00)  Скопје - Дирекцијата за заштита и спасување организира вежба на терен '' Спасување од поплава предизвикана од поројни дождови'' по мерката за заштита и спасување од поплава на граѓани кои се затекнати на Кејот на реката Вардар. (Кеј на реката Вардар, од спротивната страна на Клиника Аџибадем Систина/10:00) Валандово - Градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов и уметничкиот директор на Фолк Фест Валандово, Живојин Глишиќ ќе одржат прес-конференција на која ќе ги објават деталите за годинашното издание на „ФОЛК ФЕСТ Валандово 2022“. (Дом на културата „25 Мај“/10:00) Битола - Промоција на книгата  „ОбојОбојОбој“ од авторот Јордан Николов. (КЦ „Магаза“/19:00) Скопје - Отворање на ретроспективната изложба, јубилеј 100 години на архитектот Славко Брезоски. (Културно информативен центар/20:00) Скопје - Отворање на изложбата „Скокна“ на Ахмет Огут. (Музеј на современа уметност/20:00) Скопје - Изведба на оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини. (Национална опера и балет/20:00) Скопје - Петти концерт „Филхармонија за Филхармонија“ од серијата камерни настапи на музичарите од оркестарот на Филхармонија. (Филхармонија/20:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан