2 април 2026
Скопје - Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала 6/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/11:30)
Скопје - Во Собранието ќе се одржи едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта. (Сала „Борис Трајковски“/9:00)
Струга - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување камен темелник на 400 кV далекувод од ТС „Битола 2” на граничниот премин Ќафасан, македонско-албанска граница. (Во близина на граничниот премин Ќафасан, https://maps.app.goo.gl/QC6dgYY8nTubuMN89?g_st=am/12:00)
Охрид - Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и капетанот на Капетанија на пристаништа, Илија Арнаудоски ќе дадат изјава за медиуми. (пристаниште Охрид/10:15)
Скопје - Министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, команданти на потчинетите команди и единици на Генералштабот на Армијата ќе присуствуваат на одбележувањето на Денот на единицата. (Касарна „Страшо Пинџур“ - Петровец/12:00, пристигнување на медиумите/11:15)
Скопје - Mинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, проректорката на УКИМ за настава проф. д-р Соња Топузовска, и директорот на ИСППИ, проф. д-р Петар Атанасов ќе се обратат на форумот „Иднината на работата во ерата на вештачката интелигенција“. (Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“/12:00, регистрација на учесниците/11:45)
Скопје - Министерот за здравство Азир Алиу ќе го посети Мајчин дом по повод промоција на нова медицинска опрема. (ул. Васко Карангелески б.б., кај Три Бисери, Аеродром /09:30)
Куманово - Свечено отворање на Втората меѓународна научна агро-бизнис конференција AGROMAK 2026. (Конгресен центар во Занаетчиски Дом/11:00, предвидени се изјави за медиумите)
Куманово - Информативна сесија „ФЕР АНГАЖМАН“, посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица организирана од Центарот за истражување и креирање политики и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), во соработка со Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување. (Конгресен центар во Занаетчиски Дом/13:30)
Скопје - Промоција на поштенската марка „Кедев – 14 највисоки врвови“. (Сала на Порта Македонија/13:00)
Тетово - Градоначалникот Биљал Касами, заедно со раководителите на секторите и директорите на јавните претпријатија, ќе одржи редовен брифинг со новинарите. (Простории на Општина Тетово/11:00)
Скопје - Прес-конференција на генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ. (Пред зградата на Јавното Обвинителство (Кеј Димитар Влахов /10:30)
Скопје - Завршен настан на проектот EICEE*. (Europe House Скопје, изјави за медиумите/10:00)
Скопје - Во рамките на програмата „Автор во фокус“, МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп и Факултетот за драмски уметности - Скопје организираат разговор со Дејан Дуковски, еден од најзначајните современи македонски драмски автори и воедно еден од најизведуваните на театарската сцена во Европа и светот. (на сцената на ФДУ/20:00)
Скопје - Работилница за млади „Бренд (и) Идентитет“ што ќе ја одржи м-р Стефан Палитов во рамки на 16. Филозофски филмски фестивал. (КСП Центар -Јадро)
Скопје - Промоција на збирката раскази „Ништо нормално“ од Симона Јованоска. (МКЦ/20:00)
Скопје - Прикажување на филмот „Звук на паѓање“ на германската режисерка Маша Шилински.
Скопје - Промоција на новите песна и спот на младата кантавторка Викторија Ефтимова-Вики, „Идеали“. („Мартини“, Лептокарија/12:00)
Скопје - Федерацијата на училишен спорт на Македонија ќе одржи неформална средба со медиуми . (Grill House, нас.Аеродром/12:30)
Скопје - Прес-конференција на Ракометниот клуб Бутел. (Простории на Фабрика Карпош, ул.„Ацо Шопов“ 76/11:00)
_________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***