МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 6 јули 2022
6 јули 2022
Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе ги посети хоспитализираните полициски службеници повредени за време на вчерашниот протест пред Собранието, по што министерот ќе даде изјава за медиумите пред Клиниката за неврохирургија. (Клиника за неврохирургија/9:00)
Скопје - Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и германскиот специјален претставник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, ќе одржат прес-конференција. (Медија центар на Владата/10:10, https://www.youtube.com/watch?v=ntkiDTrcLio)
Скопје - Отворање на новата зграда на Управниот суд на кое ќе присуствуваат министерот за правда Никола Тупанчески, претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини, претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска и шефот на Мисијата на ОБСЕ Клеменс Која. (ул. „Даме Груев“ бр. 6/ 10:15, изјава за медиумите/11:00)
Велес - Презентација на Вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво што го спроведува Проектот за подобрување на социјалните услуги, имплементиран од Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка. (Сала на Совет на Општина Велес / 12:00)
Штип - Презентација на Вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво што го спроведува Проектот за подобрување на социјалните услуги, имплементиран од Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка. (сала на Советот на Општина Штип/12:00)
Скопје - Прес-конференција на Туристичко-угостителската комора. (Простории на ССК, ул. „Црвена Скопска Општина“ бр. 10/12:00)
Скопје - Прес-конференција на Сојузот на синдикати на Македонија. (зграда на ССМ, 10. кат/14.00)
Скопје - Канцеларијата на УНИЦЕФ ќе ја претстави апликацијата Bebbo за поддршка на родителите и старателите на деца до 6 години. (х. „Мериот“ /12:00 – 15:00)
Скопје - Прес-конференција на ИДКНА во врска со уништувањето на елката на Мајка Тереза. (Спомен-плоча на Мајка Тереза на градскиот плоштад / 11:00)
Скопје - Концерт на „Џим Политис квартет“ од Грција на „Скопско лето“. (Плато пред „Ист Гејт Мол“/21:00)
Ресен - Отворање на 20. Интернационален театарски фестивал „Актер на Европа“. (пред Сарајот /21:00)
Битола - Почнува фестивалот „Балкан гала 2022“. (Ракометно игралиште/ 20:30)
Битола - Прес-конференција за „Џез фабрика фестивал“. (Народен театар / 12:00)
___________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***