3 мај 2022
Атина/Александруполи - Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува на свечена церемонија по повод започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (LNG) во Александруполи.
Скопје – Министерот за надворешни работи на Република Литванија Габриелиус Ландсбергис во работна посета на Република Северна Македонија:
– Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриел Ландсбергис. (МНР/ 9:55)
– Tête-à-tête средба помеѓу министрите Бујар Османи и Габриелиус Ландсбергис. (Кабинет на министерот Османи/ 10:00 – 10:20)
– Пленарна седница меѓу делегациите на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Литванија. (МНР, сала на прв кат/ 10:20 – 10:50)
– Прес-конференција на министрите Османи и Линдсбергис. (сала во МНР/ 10:55 – 11:15)
– Средба на претседателот на Собранието на Рeпублика Северна Македонија Талат Џафери со литванскиот министер за надворешни работи, Габриелис Ландсбергис. (Собрание, сала на Влада/ 12:10 – 12:40)
Скопје – Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе има прием на претставници од Институтот за национална историја по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев. (сала на Уставна комисија/ 11:00)
Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (сала „Борис Трајковски“/ 11:00)
Скопје – Панел-дискусија посветена на безбедноста на новинарите и медиумските работници по повод 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите. (Кабинет на Претседателот на РСМ/ 11:45)
Скопје - Министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска ќе се обрати на свеченото отворање на 34. издание на Меѓународниот саем на книга 2022. ( Арена Борис Трајковски – промотивен центар / 18:00)
Скопје – Свечено отворање на Научниот симпозиум „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ во организација на Институтот за национална историја – Скопје. (Музеј на македонската борба/ 12:30)
Скопје – Промотивен настан „Унапредување на квалитетот на медијацијата“ во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ). (х. Панорамика Дизајн и Спа – Скопје или на платформата ЗУМ/ 15:00, изјави за медиумите пред почетокот на настанот/ 14:45)
Скопје/Софија – Претставување на нов клуб на бугарско-македонско пријателство и повелба за негово формирање со видео конференција помеѓу видни јавни личности од Софија и Скопје. (на платформата ЗУМ https://us02web.zoom.us/j/84476202954?pwd=ZTBqaXU2cVFWeHFsOU9tMVBPTFZmUT09 /10:00)
Скопје - Прес-конференција по повод престојниот Фестивал на вино - Виноскоп. (простории на Град Скопје - Сала на Советот на Градот / 11:00)
Скопје – Изложба на слики, продолжение на циклусот „Интимно понирање“ од Трајче Чатмов. (Галерија „Ел Греко“, ул. „Максим Горки“ бр. 17/ 20:00)
___________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***