МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 25 февруари 2022
Скопје – Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи ќе има средба со министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ.
– Пристигнување на министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ во МНР. (8:50)
– Tет-а-тет средба Османи-Селаковиќ (9:00-9:30)
– Пленарна средба меѓу двете делегации и потпишување на спогодба. (9:30-10:30)
– Конференција за медиуми на министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи и министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ. (10:30-11:00)
Скопје – Министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска ќе ги посетат производствените капацитети на компаниите „Јука“ во Велес и „УКА Kомерц“ во Сарај. (Изјави за медиумите по посетата во „УКА Комерц“, с.Љубин ул.1 бр.192/13:00)
Тетово/Гостивар – Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе присуствува на настани кои се дел од дијалогот помеѓу МОН за креирање на уписната политика за учебната 2022-2023 година и унапредување на средното стручно образование. (Општина Тетово/10:00, Општина Гостивар/13:30) Скопје – Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на средба со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, претставници на проектантската фирма и претставници на надлежни стручни асоцијации и институции. (Пред Универзална сала/12:00) Скопје - Прес-конференција на претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски. (Сојуз на стопански комори (ул. Црвена Скопска Општина бр.10/12:00) Скопје – Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ќе одржи конференција на тема „Ефектите од покачувањето на минималната плата врз останатите плати“. (х.„Солун“/9:30, прес-конференција/11:30) Скопје – Промоција на клучните наоди и препораки од истражувањето „Вовед во студентска дискриминација“ во организација на Младински образовен форум (МОФ). (Рагуза 360/12:00) Скопје – Групна изложба „Колонија 8“ на уметничкото здружение „Училница осум 8“. (КСП Центар – Јадро/19:30) __________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***