• среда, 04 февруари 2026

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)
5 мај 2022 Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 57-та седница. (Голема сала /12:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 6 /11:00) Скопје – Собраниската Комисија за европски прашања ќе ги одржи 38-та и 34-та седница. (Сала „Борис Трајковски“ / 11:00 и 12:30) Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик на кој обраќа ќе имаат и Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура, Јетон Шаќири, министер за образование и наука и Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика. (Клуб на пратеници, во дворот / 12:00) Скопје – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски ќе се обратат на Регионалната конференција на директори на полиции од Западен Балкан, Елинската Република, Република Бугарија и Италијанската Република. (х. „Хилтон“ / 12:00) Софија – Министерот за економија Крешник Бектеши ќе учествува на Министерски состанок за регионална соработка за енергетска безбедност, диверзификација и зелена транзиција. Тетово – Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами ќе одржи прес-конференција. (Простории на општина Тетово/13:00) Скопје – Прес-конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. (Градски трговски центар, кино „Милениум“ /10:45) Скопје – Прес-конференција на Независниот синдикат на Управата за водење матични книги. (Пред Министерството за правда /16:00) Скопје – Католичката црква во соработка со Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи ќе промовираат монографија за доаѓањето на папата Франциск во Скопје – „Историска посета на светиот отец – прво македонско добредојде за папата Франциск“ и зборник на трудови „Католичката црква во Македонија низ историјата“ во организација на  (Филхармонија /13:00) Битола - Прес - конференција на Здружението „Градиме иднина“. (пред Веро, на Широк сокак/ 11:00) Скопје – Компанијата „Infineon Technologies“ ќе одржи работилница „Infineon meets FEEIT“. (ИНОФЕИТ, Факултет за електротехника и информациски технологии /9:00) Скопје - Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе го одбележи 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. (Амфитеатар на Институтот и во Спомен-собата на Крсте Мисирков/10:00) Скопје – НУБ „Св. Климент Охридски“ по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик ќе организира настан „Лексикографски факти во НУБ – од  Пулевски до денес!“. (14:00) Скопје – Програмска активност „Ден на македонскиот јазик“, посветена на кодификацијата на македонскиот литературен јазик организира  Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. (Спомен-соба на Миладиновци /12:00) Скопје – Промотивна конференција за проектот „Мониторинг на православното културно наследство“ на ИКОМОС Македонија и Македонската православна црква – Охридска архиепископија. (Манастир „Св.Пантелејмон“ во Нерези /11:00) Штип – Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип ќе додели награди од Конкурс за есеј. (Правен факултет, свечена сала/ 12:00) Гевгелија - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов во рамки на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, ќе извршат увид на градежни активности во населеното место Негорци, општина Гевгелија (12.30, изјава за медиуми 13.00) Скопје – Прес-конференција на Националната опера и балет по повод 50-тиот фестивал „Мајски оперски вечери“ и премиерата на операта „Норма“ од Белини. (Национална опера и балет, фоаје /10:00) Софија – Отворање на 13. „Македонска книжевна визита“ во организација на Културно-информативниот центар на РСМ во Софија и Книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје. (КИЦ на РСМ во Софија/ 19:00) Скопје – По повод Денот на македонскиот јазик, издавачката куќа „Арс Ламина“ организира  промотивен настан „Македонски книжевни класици – Подарок за поколенијата!” ромотивен центар на Саемот на книгата, арена „Борис Трајковски“ / 19:00)  Скопје – Промоција на книгата „Ноемвриски крстосници“ од Сања Мучкајева-Видановска во организација на Турскиот културен центар „Јунус Емре“ – Скопје. (Промотивен центар на Саемот на книгата, арена „Борис Трајковски“ / 13:00) Скопје – Националната галерија ќе отвори ретроспективната изложба на дела од Димитар Кондовски. (Галерија Даут-пашин амам / 20:00) Битола – Самостојна изложба на македонска резба од копаничарот Веселин Поповски. (Центар за култура, фоаје /19:00) Скопје – Со проекција на „Кој тоа таму пее?“ ќе биде отворена филмската програма „Антологија на српскиот филм“. (Кинотека / 19:00) Струмица - Почнува 17. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан