МЗТ убедлив против ТФТ за пробив на втората позиција во АБА 2
- Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром синоќа го победи градскиот ривал ТФТ Моцарт со 95:69 во 11. коло од регионалната АБА 2 лига.
Широки Бриег, 20 март 2024 (МИА) – Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром синоќа го победи градскиот ривал ТФТ Моцарт со 95:69 во 11. коло од регионалната АБА 2 лига.
По оваа победа МЗТ Скопје се искачи на второто место на табелата и на две кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната и теоретски обезбедија пласман во плејофот.
Марко Баковиќ со 22 поени и осум скока беше најдобар во победничкиот тим. Кај ТФТ најефикасен беше Верц со 14 поени.
Третиот македонски претставник во ова натпреварување, Пелистер од Битола, во понеделникот го совлада Борац од Бања Лука со 73:72.
Во моментов МЗТ е втор со биланс 8-3, Пелистер е на 9. место со ефект 5-6, додека ТФТ е 13-ти со само две победи и девет порази.
Во следната рунда која исто така ќе се игра во Широки Бриег, Пелистер ќе игра со Подгорица (утре 18 часот), ТФТ ќе се соочи со Војводина (утре 21 часот), додека МЗТ ќе се сретне со Златибор (петок 15 часот). зс/
Фото: АБА