• понеделник, 15 декември 2025

Милан ремизираше дома со Сасуоло

Милан ремизираше дома со Сасуоло

Милано, 14 декември 2025 (МИА) – Милан ремизираше 2:2 попладнево на домашен терен со Сасуоло во 15. коло од Серија А.

Деветнаесетгодишниот дефанзивец Давиде Бартесаги постигна два гола за домаќините (34. и 47. минута), додека играчите од средниот ред Исмаел Коне (13.) и Арманд Лориенте (77.) реализираа за гостите.

Милан во пресрет на другите натпревари од 15. коло е лидер на табелата во италијанското фудбалско првенство со 32 бода, додека Сасуоло е деветти со 21 бод. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан