• сабота, 23 ноември 2024

Меџити: Во новиот буџет фокусот е ставен и на финансирањето на еколошките проекти

Меџити: Во новиот буџет фокусот е ставен и на финансирањето на еколошките проекти

Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) - Во новиот буџет фокусот е ставен и на финансирањето на еколошките проекти, за кои се уште се разговара и се водат консултации, вели првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити

- Се уште разговараме, дебатираме, сме во консултации со сите министерства, сите ресори. Фокусот е ставен и на Министерство за екологија, затоа што тоа е во агендата на владата и затоа сме денеска тука на подготовки за СОР 29. Значи каде што ќе разгледаме новите можности, финансиски можности како да го решиме проблемот со загадувањето, проблемите со коишто се соочуваме. Исто така, што се однесува до определбите на ВЛЕН во текот на изборите беше и останува во фокус децентрализацијата којашто е битна за сите општини, но и за нашите оопштини. Оваа година се веќе наменети 100 милиони евра, наредната 250 милиони евра, и мислам дека тоа веќе ќе се чувствува во сите општини, бидејќи во сите општини ќе се работи на конкретни проблеми, на конкретни решенија од кои придобивки ќе добијат граѓаните во општините. Во фокусот е и образованието, не само со инвестиција што е предвидена за кампусот Мајка Тереза генерално образованието е најдобра инвестиција и ќе остане во нашите приоритети, рече Меџити прашан за коментар за буџетот за 2025 година.

Прашан има ли конкретни мерки како оваа зима да имаме помалку загаден воздух, тој најави дека е тоа комплексно прашање кое бара комплексни активности.

- Тоа е комлексно прашање, значи и комплексна лепеза на активности оти не може преку ноќ да се реши. Но, добро е што трендот е на едно подобрување во однос на поранешниот период, секоја година значи периодот се скратува на загадувањето иако со тоа не треба да бидеме задоволни. Затоа работиме интензивно, секојдневно, како тоа да го решиме полека, но сигурно, значи со повеќе мерки почнувајќи и во соработка со локалната самоуправа, бидејќи и овие проекти се 40 отсто насочени во екологија, некаде за подземна инфраструктура, некаде за зелени површини. Во периодов ќе ве информираме речиси секоја недела со конкретни активности што ќе ги преземеме како Министерство, изјави Меџити кој денеска се обрати на настанот „Во пресрет на 29. Конференција на страните на Конвенцијата на ОН за климатски примени – COP29: зголемување на амбициите и овозможување акција“, организиран од УНДП. вг/лв/

Фото: МИА

 

Остани поврзан