• четврток, 26 декември 2024

Меѓународната велосипедска федерација забрани трансродовo лице да учествува на трки во британскиот шампионат

Меѓународната велосипедска федерација забрани трансродовo лице да учествува на трки во британскиот шампионат
Лондон, 31 март 2022 (МИА) – Дваесет и едногодишното трансродово лице Емили Бриџис нема да може да учествува на турнирот во женското првенство во велосипедизам во Омниум и Медисон на Велика Британија, што ќе се одржи од 1 до 2 април во Дерби. Натпреварот требаше да биде прв во женски спорт за поранешниот машки јуниорски светски рекордер. Сепак, апликацијата на Бриџис беше блокирана од страна на Меѓународната велосипедска унија (UCI), бидејќи 12-месечниот период на тестирање на тестостерон на Емили сè уште не беше завршен и „таа“ сè уште е заведена како маж во базата на податоци на „UCI ID“. Бриџис победи во машката трка за поени на британскиот универзитетски шампионат во Глазгов минатиот месец и рече дека тоа е „нејзиниот“ последен машки старт. зс/

Остани поврзан