• четврток, 12 февруари 2026

Мециновиќ: Со новата законска измена прворангираните лекари ќе се вработуваат во јавното здравство

Мециновиќ: Со новата законска измена прворангираните лекари ќе се вработуваат во јавното здравство

Скопје, 10 февруари 2026 (МИА) – Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска ја поздрави одлуката на Собранието за усвојување на законската измена со која, како што истакна, се обезбедува прворангираните кандидати на конкурсите во јавните здравствени установи задолжително да бидат примени на работа.

Според Мециновиќ, ова претставува голема победа и чекор напред во спречување на иселувањето на млади лекари од државата, како и во обезбедување фер и транспарентни услови за вработување во здравствениот систем.

-Најдобрите лекари во Република Македонија ќе се вработуваат во јавното здравство. Ова е чекор кој со децении сите здравствени работници знаеа дека треба да се преземе, а Левица го избори во институциите. Така ќе ги задржиме младите лекари во Македонија и ќе го подобриме јавното здравство. Ќе се почитува стручноста и компетентноста, а дискрецијата која се користеше како алатка за фаворизирање веќе ја нема, потенцира пратеникот.

Мециновиќ оцени дека ова е системска поправка што ќе придонесе за заштита на јавниот интерес и за намалување на партизацијата во здравствениот сектор. бк/вг/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан