• четврток, 12 февруари 2026

Да се подобрат состојбите и да се зголеми довербата на граѓаните во судството - очекува новиот член на Судскиот совет, Садула Изари

Да се подобрат состојбите и да се зголеми довербата на граѓаните во судството - очекува новиот член на Судскиот совет, Садула Изари

Скопје, 12 февруари 2026 (МИА) - Очекувањата на судиите се исти како и очекувањата на граѓаните кон Судскиот совет, а тоа е да имаме поефикасно и независно судство. Нашата заедничка цел, на Судскиот совет, заедно со другите колеги, ќе најстојуваме да ги подобриме состојбите во судството и да го подигнеме нивото на доверба на граѓаните кон судството. Тоа е нашата цел, рече денеска новиот член на Судскиот совет Садула Изари, кој даде свечена изјава пред претседателот на Собранието Африм Гаши. 

null

Изаири истакна дека е нов член на Судскиот совет по предлог на судиите и им се заблагодарам на колегите кои гласале за него. 

null

На свечената изјава присуствуваа и генерален секретар на Собранието Марина Димовска и претседателот на Судски совет Александар Камбовски, кој му го честиташе изборот на Изаири, им се заблагодари на судиите кои гласале за него, додавајќи дека го направиле вистинскиот избор.

null

- Не сме комплетирани целосно. Ни недостига уште еден член, кој треба да биде избран од Собранието. Во очекување сме и на тој член. Ние и сега функционираме, меѓутоа кога ќе бидеме во полн состав ќе можеме да функционираме уште подобро. Во поглед на реформските агенди мислам дека Судскиот совет предничи од сите институции. Тоа што било како обврска, веќе е направено од наша страна и се надеваме дека ќе успееме, не само ние и целата државата да се придвижи кон тие процеси, рече Камбовски. мд/са/

Фото: МИА 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан