• вторник, 24 декември 2024

Меси заработува повеќе од сите негови соиграчи заедно

Меси заработува повеќе од сите негови соиграчи заедно

Мајами, 17 мај 2024 (МИА) - Годишната плата на Лионел Меси во Интер Мајами е 20,4 милиони долари, убедливо највисока во фудбалската лига, според податоците објавени во четвртокот од Здружението на играчи на МЛС.

Всушност, само три од преостанатите 28 тима во американското првенство трошат повеќе пари вкупно за плати отколку што Интер троши за осумкратниот освојувач на Златната топка.

Целата сметка за плати на Интер Мајами е 41,7 милиони долари, што значи дека 36-годишниот Аргентинец заработува повеќе од сите негови соиграчи заедно. Поранешниот соиграч на Меси во Барселона, Серхио Бускетс е вториот најплатен соиграч со по 8,7 милиони долари, додека Жорди Алба и Луис Суарез заработуваат по 1,5 милиони долари по сезона.

Трите клуба кои имаат поголем буџет за плата од платата на Меси се Торонто, Чикаго Фајр и Нешвил. За надомест во Торонто одвојуваат 31,4 милиони долари, во Чикаго - 25,1 милиони и во Нешвил - 21,4 милиони.

Најмал буџет е тој на Сент Луис со 12 милиони долари, додека Солт Лејк и Сан Хозе трошат по 13,6 милиони долари на своите играчи.

Според податоците на Здружението на играчи на МЛС, јасно е дека втора најголема плата по Меси е играчот од средниот ред на Торонто, Лоренцо Инсиње, кој добива 15,4 милиони долари годишно. Трет е Бускетс, а веднаш по него Швајцарецот Џердан Шаќири. Во Чикаго добива 8,15 милиони долари. 

Топ 5 го затвора бекот на Остин, Себастијан Дриуси со 6,72 милиони долари.дс

Фото: Архива

Остани поврзан