• четврток, 26 декември 2024

Меркел набрзо ќе се сретне со Тихановскаја

Меркел набрзо ќе се сретне со Тихановскаја
Берлин, 30 септември 2020 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека набрзо ќе се сретне со поранешната кандидатка за претседател на Белорусија, Светлана Тихановскаја. - Наскоро ќе се сретнам со опозициската лидерка Тихановскаја, истакна Меркел. Таа ја поздрави храброста на жените кои демонстрираат против победата на Александар Лукашенко на претседателските избори во Белорусија. - Кога ќе ја видите храброста на жените кои на улица бараат слободен живот без корупција, можам само да кажам дека им се восхитувам, посочи Меркел. Таа додаде дека дека Европска Унија не ја признава победата на Лукашенко на претседателските избори и побара да престане насилството врз демонстрантите. ми/

Остани поврзан