• сабота, 12 октомври 2024

Меморијален шаховски турнир во Македонска Каменица

Меморијален шаховски турнир во Македонска Каменица

Делчево, 8 септември 2024 (МИА) - Во Македонска Каменица беше отворен Меморијалниот шаховски турнир организиран во чест на едни од најголемите каменички шаховски имиња Трајко Стојчевски и Атанас Боболински во организација на Шаховскиот клуб „Каменица Саса“.

На настанот присуствуваше и каменичкиот градоначалник Димчо Атанасовски кој ја поздрави иницијативата за организирање на турнирот. На сите учесници им посака многу успех во натпреварите и заедничко уживање во нивното денешно дружење.

- Ова е настан кој потврдува дека во Македонска Каменица, преку шаховската култура и спортскиот дух, успеваме да ги чуваме и да ги негуваме трајните вредности во заедницата. Се надевам дека овој Меморијален турнир ќе прерасне во убава градска традиција, рече Атанасовски.

Општина Македонска Каменица, како што додаде, ќе продолжи да го поддржува шаховски клуб и сите активности кои придонесуваат за развојот на спортот и културата во Македонска Каменица.

Меморијалниот турнир, како што додадоа од ШК „Каменица Саса“, се одржува во чест на ветерани кои дале голем допринос за развој на шахот во Македонска Каменица.

Како дел од залагањето на Трајко Стојчевски, во Македонска Каменица во минатото се одржале голем број на симултанки, на кои учествувале шаховски велемајстори од повеќе држави меѓу кои и од од Аргентина. По негова заслуга на ниво на Југославија, во 1980 година шахисти од М.Каменица учествувале на тогашното државно првенство во шах. вс/ар/
Фото: Градоначалник на М.Каменица, Димчо Атанасовски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан