Мелони ја изрази поддршката на Италија за израелскиот народ „во овие тешки моменти“
- „Италија стои зад израелскиот народ во овој тежок момент и продолжува да работи на воспоставување траен мир“, му кажала Мелони на Херцог на маргините на климатскиот самит COP28, се наведува во соопштението, пренесено од АНСА.
Дубаи, 1 декември 2023 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска му кажала на израелскиот претседател Исак Херцог дека Италија е со народот на Израел, соопшти кабинетот на Мелони.
„Италија стои зад израелскиот народ во овој тежок момент и продолжува да работи на воспоставување траен мир“, му кажала Мелони на Херцог на маргините на климатскиот самит COP28, се наведува во соопштението, пренесено од АНСА.
Во него се додава дека таа ја изразила својата целосна солидарност со Израел по нападот од вчера во Ерусалим, за кој одговорноста ја презеде Хамас, а во кој животот го загубија четворица Израелци. сд/
фото:ЕПА