Мелони: Демонизирањето на ултрадесницата повеќе не функционира
- Демонизирањето на крајната десница повеќе не функционира, изјави премиерката на Италија, Џорџа Мелони по повод победата на ултрадесничарската партија Народно собрание во првиот круг од предвремените парламентарни избори во Франција
Рим, 1 јули 2024 (МИА) – Демонизирањето на крајната десница повеќе не функционира, изјави премиерката на Италија, Џорџа Мелони по повод победата на ултрадесничарската партија Народно собрание во првиот круг од предвремените парламентарни избори во Франција.
- Постојаниот обид да се демонизираат луѓето кои не гласаат за левицата е замка во која паѓаат сè помалку луѓе. посочи лидерката на ултрадесничарската партија Италијански браќа.
Таа додаде дека тоа го има во Италија, но се повеќе и во Европа и на Запад. ми/
фото: ЕПА