• среда, 25 декември 2024

Мелони во Брисел го претстави миграцискиот договор меѓу Италија и Албанија

Мелони во Брисел го претстави миграцискиот договор меѓу Италија и Албанија

Брисел, 17 октомври 2024 (МИА) – Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска го претстави договорот што нејзината влада го постигна со Албанија за италијанските мигрантски центри на албанска територија.

Мелони го претстави договорот за време на неформалниот состанок за миграцијата со 10 земји-членки во Брисел пред самитот на ЕУ, јави италијанската новинска агенција АНСА.

- Мелони, заедно со премиерката на Данска, Мете Фредериксен и премиерот на Холандија, Дик Шоф, утринава одржаа неформален состанок со некои од земјите-членки кои имаат најголем интерес за прашањето на миграцијата, а особено прашањето за иновативни одлуки, се вели во соопштението од канцеларијата на Мелони.

На средбата, покрај Италија, Данска, Холандија и Европската комисија, учествувале и лидерите на Австрија, Кипар, Чешка, Грција, Унгарија, Малта, Полска и Словачка.

Конкретно, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги наведе главните точки за дејствување наведени во писмото од понеделникот во врска со миграцијата, вклучувајќи го и прашањето за иновативни решенија.

Мелони го претстави договорот меѓу Италија и Албанија еден ден по пристигнувањето на првите илегални мигранти во пристаништето Шенѓин, истакнувајќи ја неговата улога во борбата против трговците со луѓе. јт/

Фото: Х

Остани поврзан