• среда, 25 декември 2024

МВР: Приведени крадци во Велес, фатени на дело

МВР: Приведени крадци во Велес, фатени на дело

Скопје, 2 јули 2024 (МИА) -  Во поранешна фабрика во Велес синоќа во 19:20 часот полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода  Ш.Н.(32), Б.Д.(47), А.Р.(21), сите од Штип и Е.К.(35) од Тетово.

Како што информираат од МВР, тие биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ во машинска работилница во фабриката.

Четирите лица биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. сст/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан