• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МВР: Постапуваме на терен во врска со обезбедувањето на полициски службеници

МВР: Постапуваме на терен во врска со обезбедувањето на полициски службеници

Скопје, 15 април 2025 (МИА) - Министерството за внатрешни работи потврди дека во тек е акција за приведување на полициски службеници откако  државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во телевизиско интервју вечерва соопшти дека е издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници во врска со трагедијата во Кочани. 

- Во рамки на предистражна постапка МВР постапува на терен во врска со обезбедување на полициски службеници, до ОЈО ГОКК е доставена кривична пријава. Повеќе информации во текот на утрешниот ден, се вели во одговорот од МВР за МИА.

Претходно, во врска со пожарот во Кочани беа приведени седум полициски службеници.

Во пожарот во Кочани што се случи на 16 март загинаа 61 лице, а 193 беа повредени. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан