МВР Билтен
- На 12.03.2025 во 07.00 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар при ОВР Гостивар го лишиле од слобода Д.М.(36) од Гостивар.

Скопје, 12 март 2025 (МИА) - На 12.03.2025 во 07.00 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар при ОВР Гостивар го лишиле од слобода Д.М.(36) од Гостивар.
МВР денеска соопшти дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.03.2025 во 16.10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Л.Ш.(26) од Куманово. Тој се сомничи дека на 10.03.2025 од тезга на пазар на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово одзел пари. Л.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 11.03.2025 во 20.15 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ѓ.(33) од с.Волково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.03.2025 во 17.25 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(25) затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.03.2025 во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје, го лишиле од слобода Ј.Р.(48) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.03.2025 во 03.20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.З.(26) од Велес. Тој при излегување од патничко возило фрлил пакување со бела прашката материја, која била пронајдена и одземена. Е.З. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (12.03.2025) во 02.20 часот на Граничниот премин Табановце, за влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Г.(22) од Романија затоа што при извршена контрола било констатирано дека приложил фалсификувана швајцарска возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
На 11.03.2025 во 15.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локален пат Гостивар - с.Градец се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Х.Х.(58) од гостиварско Неготино и патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.С. (35) од гостиварско Дебреше. Во несреќата, И.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани на Ургентен центар Гостивар. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 11.03.2025 во 12.05 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на крстосница од бул.„Цветан Димов“ со ул.„Вељко Влаховиќ“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „јутонг“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост на ЈП Кавадарци, управуван од И.К.(52) од Кавадарци и мотоцикл „сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.П.(37) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
На 11.03.2025 во 19.35 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на магистралниот пат Градско - Прилеп, во близина на с.Раец, кавадаречко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(36) од Богданци и товарно возило „волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(29) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Т., констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
На 11.03.2025 во 11.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Штип, патничко возило „мицубиши“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.Б.(41) од Штип, удрило во пешакот Ј.Ј.(67) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 11.03.2025 во 10.00 часот во Полициската станица Карпош, С.С.(58) од Скопје пријавил дека на бул.„8 Септември“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 11.03.2025 во 20.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, В.З.(71) од Скопје пријавил дека на ул.„Есенинова“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 11.03.2025 во 19.30 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Е.(41) од Скопје пријавила дека на ул.„Коце Металец“ во Скопје била касната од куче скитник. цр/
Фото: МИА архива