• недела, 20 октомври 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 8 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска околу 6 часот во Скопје, на територија на општина Кисела Вода, го лишија од слобода Ф.П. (31) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР по наредба од Основен кривичен суд Скопје, за затворска казна од две години, за сторено кривично дело „тешка кражба“. Исто така, денеска (08.09.2024) полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 6:50 часот во Скопје, на територија на општина Гази Баба, го лишија од слобода В.Д. (33) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР по наредба од Основен кривичен суд Скопје, за затворска казна од една година, за сторено кривично дело „тешка кражба“. Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.

Во Скопје, денеска (08.09.2024) во 3 часот по полноќ на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Љ.(47) од Скопје, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и таблета. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На подрачјето на Карпош, денеска (08.09.2024) во 01:05 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.С.(24) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје денеска (08.09.2024) во 2:50 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(29) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (08.09.2024) во 00:55 часот во Скопје на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(20) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.09.2024 во 17:40 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(18) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.09.2024 во 23:05 часот во Скопје на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Б.(28) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.09.2024 во 22:30 часот во населбата Колонија во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(40) од село Идризово, скопско,  поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.09.2024 во 13:45 часот во село Сарај-скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(43) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (08.09.2024) во 5 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода К.Н.(59) од Република Турција, поради тоа што при извршена контрола било констатирано дека приложил фалсификувана зелена карта. Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 07.09.2024 во 13:30 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека околу 13 часот во близина на фабрика во Пробиштип, Г.Ѓ.(57) од село Другово, кичевско, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

На 07.09.2024 во 09:40 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Б.П.(48) и патничко возило „опел зафира“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.М.(59) двајцата од Крива Паланка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.П., а со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „опел зафира“ С.М.(32) и Д.М.(51), двајцата од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.

На  07.09.2024 во 9 часот во Полициската станица Ресен, Б.Ѓ. од Ресен пријавил дека на крабрежјето во туристичката населба Отешево, ресенско, пронашол една рачна бомба-кашикара, три артилерски чаури 60 мм и две исправни запалки мм, кои потекнувале  од Првата светска војна. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истите се подигнати за понатамошна постапка.

На 07.09.2024 во 21:10 часот во Полициската станица Аеродром Д.И.(82) од Скопје пријавила дека на улица „Тодор Атанасовски“ во Скопје била касната од куче.

На 07.09.2024 во 12:30 часот во СВР Куманово, Б.А.(39) од село Туралево, кратовско, пријавил дека на плоштад Нова Југославија  во Куманово бил каснат од куче скитник. ар/нд/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан