• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 31 јули 2024 (МИА) - По претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба за претрес, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во дом на Р.Џ. (54) во Скопје. При претресот пронајдени се: 73 паковки со марихуана, 56 паковки со кафеава прашкаста материја, 13 паковки со бела прашкаста материја, 14 таблети, една голема кеса со кафеава прашкаста материја и пари во различни апоени со вкупна вредност од 9060 евра и 14100 денари. Р.Џ. е лишена од слобода заедно со М.А. (37) од Скопје. Против Р.Џ. е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка и е определена мерка притвор во траење од 30 дена во КПУ Затвор Скопје. 

На 30.07.2024 полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишија од слобода С.Р. од с. Али Коч, радовишко, затоа што подметнал пожари во близина на с. Али Коч. На 30.07.2024 во 12:00 во ОВР Радовиш од страна на ТППЕ Радовиш е пријавено дека на две места во близина на с.Али Коч настанале пожари, при што горела дабова шума. По преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници од ОВР Радовиш утврдено е дека С.Р. ги подметнал пожарите односно сторил кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност“ и кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по чл.227 од КЗ. С.Р е лишен од слобода и во службен разговор признал дека ги сторил кривичните дела, по што е задржан во ОВР Радовиш. По документирање на случајот, ОВР Радовиш до надлежното ОЈО Струмица ќе поднесе соодветна кривична пријава. 

Денеска (31.07.2024) во 03.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 31.07.2024 во 00.10 часот на автопатот Гостивар-Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Л.(41) од тетовско Желино, затоа што при преглед кај него и во возилото „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, во кое бил, кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

На 30.07.2024 во 20.50 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ѓ.С.(36) од Тетово кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. 

На 30.07.2024 во 11.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Е.В.(29) од Кавадарци, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци за издржување затворска казна. Е.В. бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.  

На 30.07.2024 во 18.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле А.О.(27) од Кавадарци, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци за издржување казна затвор. А.О. бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.  

На 30.07.2024 во 09.30 часот во село Марена, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци и ОВР Неготино го привеле А.Ј.(33) од село Војашанци, неготинско, кој бил баран со потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување мерка притвор. А.Ј. бил спроведен во Казнено - поправна установа Затвор Скопје.    

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 145 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 10 за некористење сигурносен појас... 

На 30.07.2024 во 21.24 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Македонска фаланга“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со дански национални ознаки, управувано од К.Ц.(21) од Данска и патничко возило „хонда“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.М.(38) од с.Бистрица, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.М. и неговата сопатничка Л.М.(60) од с.Бистрица, додека со телесни повреди се здобил возачот К.Ц., констатирани во  Клиничка болница Битола. Во несреќата било оштетено и паркирано возило „опел“  без регистарски ознаки, паркирано од Б.С.(59) од Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.  

На 30.07.2024 во 20.15 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Гоце Делчев“, ул.„Маршал Тито“, ул.„Белградска“ и ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Д.(62) од Струмица и мопед со струмички регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал мопедот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мопедот. Повредите биле констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица. 

На 30.07.2024 во 18.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Христијан Карпош“  во Штип, патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(34) од Скопје, удрило во паркирано возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на И.С.(51) од Штип, по што удрило во И.С., кој бил до неговото возило и во метални столбчиња. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.С., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип. 

На 31.07.2024 во 02.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица ,,Лазар Лазаревски“, на Б.З.(44) од гостиварско Неготино, кој управувал патничко возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, му се слошило, по што изгубил контрола и со возилото удрил во паркирано возило „нисан“ со гостиварски регистарски ознаки, паркирано од А.С.(62) од Гостивар. Б.З. бил пренесен во Медицински центар во Гостивар, каде што лекар констатирал смрт.  За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа при ОВР Гостивар. 

На 28.07.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на  ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(39) од Штип и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.М.(60) од село Теарце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото „мерцедес“, а со телесни повреди се здобиле возачот З.М. и уште една негова малолетна сопатничка, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“,   Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

На 30.07.2024 во 19.00 часот во Полициското одделение Зајас било пријавено дека на шумски пат во атар на село Грешница, кичевско, патничко возило „мицубиши паџеро“ без регистарски ознаки, управувано од М.Е. од Кичево, се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Б.Р. од Кичево, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево. 

На 30.07.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Карпош, В.К.(36) од  с.Митрашинци, беровско, пријавил дека на  бул.„Партизански одреди“ во Скопје бил каснат од куче скитник.  

На 30.07.2024 во 11.00 часот во Полициското одделение Петровец, С.В.(38) од с.Петровец пријавила дека во селото, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. 

 На 30.07.2024 во 22.15 часот во Полициската станица Чаир, М.М.(46) од Скопје пријавил дека ул.„1559“-Љуботенски пат бил каснат од куче скитник.   

Остани поврзан