• петок, 26 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - На 22.07.2024 во 23.45 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишија од слобода Т.М.(19), А.С.(18), Т.Ч.(28), Д.А.(23), К.С.(20), А.С.(18), Х.П.(18) и двајца малолетници, сите од Скопје.

При претрес во камп приколка во автокамп на брегот на Охридското Езеро, која ја користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања со бела грутчеста материја, повеќе метални кутии со бела грутчеста материја, марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид на полнолетните лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, а по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 23.07.2024 околу 22.30 часот во населба „Ајдучка чешма" во Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода А.Ѓ. од Куманово и С.Н. од Крива Паланка.

При преглед на товарно возило „там“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ѓ., а сопатник бил С.Н., било утврдено дека превезувале шест кубни метри нежигосано огревно дрво без документација. Возилото и дрвата биле одземени, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.07.2024 во Скопје, полициски службеници од страна на ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Т.(37) од Скопје, кој бил баран со централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

На 23.07.2024 во 17.20 часот на улица „Марко Цепенков“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.Ѓ. (39) од Охрид, кој бил баран со потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Струга.

Тој бил спроведен во установата за издржување на затворската казна.

На 23.07.2024 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.А.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 24.07.2024 во 02.00 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.Р.(23) и Ф.М.(27), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок.

На 23.07.2024 во 18.11 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип е пријавено дека при враќање од викенд отсуство, кај осуденикот Н.Ј.(39) од Виница била пронајдена марихуана.

Полициски службеници излегле на местото и ја подигнале дрогата за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.  

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.М.(25) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

На 03.05.2024 во Македонски Брод, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 110 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола седум санкции, седум мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 13 мерки за непочитување на брзината на возење, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење...

На 23.07.2024 во 06.55 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на место викано „Цигански рид“ во Виница, В.М.(60) од село Градец, виничко, додека управувал трактор „масеј фергусон“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот В.М., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител од ОЈО Кочани телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

На 23.07.2024 во 11.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од булевар „Видое Смилевски Бато“ со улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“  со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.З.(69) од Тетово, удрило во велосипед, управуван од С.У.(28) од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово. сст/

фото МИА архива

 

Остани поврзан