• сабота, 23 ноември 2024

МВР: Приведен гостиварец за издржување тригодишна затворска казна

МВР: Приведен гостиварец за издржување тригодишна затворска казна

Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Гостиварската полиција вчера во 14.40 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар го привела Ф.Т. (55) од Гостивар кој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од три години, за сторено кривично дело „трговија со луѓе“.

Како што информираат денеска од МВР, Ф.Т. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово-Скопје за издржување на затворската казна. сст/мд/

фото МИА архива

Остани поврзан