• недела, 01 септември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 7 август 2024 (МИА) - На кеј на река Вардар, на подрачје на Карпош, денеска (07.08.2024) во 01:50 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Т.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.08.2024 во 13 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.А.(62) од Гостивар затоа што кај него биле пронајдени пакувања со кафеава прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

На 06.08.2024 во 16:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја привеле Ф.С.(67) од Гостивар, која била барана по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Таа била предадена во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

На 06.08.2024 околу 10:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од  улица „Ѓорче Петров“ и крак од улица „Ѓорче Петров“ во Куманово, Л.Д.(65) од село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, бил удрен од приколка и починал на местото. Имено, тој со товарно возило влекач „ман“ со приколка со кумановски регистарски ознаки превезувал работна машина багер. На наведеното место го запрел возилото и со сопатникот Љ.Б.(37) од село Бразда, започнале со истоварање на работната машина од приколката. Откако Љ.Б. влегол во багерот, Л.Д. останал надвор од возилото да му дава насоки да го спушти од приколката. Притоа, приколката се придвижила, при што влекачот удрил во паркирано патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, во кое бил И.В.(47) од Куманово, кој се здобил со повреди, констатирани во болницата во Куманово. Во обид да го запре возилото, Л.Д. бил прегазен од приколката и од здобиените повреди починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвиниел, екипа од СВР Куманово и трудов инспектор.

На 06.08.2024 во 11:50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека кај село Обршани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Д.(25) од село Пашино Рувци, прилепско и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 15 - годишник од село Обршани. Во несреќата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

На 06.08.2024 во 04:45 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на патот од село Јосифово кон село Пирава, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор ,,имт 533“ без регистарски ознаки, управуван од Р.М.(44) од село Јосифово, валандовско и патничко возило „фолксваген шаран“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.П.(69) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката од возилото „фолксваген шаран“ И.П.(69) од Кавадарци и сопатничка од тракторот Ѓ.М.(37) од село Јосифово, додека со телесни повреди се здобила уште една малолетна сопатничка од тракторот, констатирани во здравствена установа. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.

На 06.08.2024 во 20:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Струмица, М.С.(20) од село Добрејци, струмичко, управувајќи мотоцикл со струмички регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник И.Г.(21) од Струмица, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

На 05.08.0204 во 11:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улица „Џон Кенеди“, улица „Серава“ и улица „Ферид Захири“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Џ.(46) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Р.(28), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 06.08.2024 во 15 часот во Полициската станица Чаир, Н.А.(64) од Скопје пријавил дека на улица „Александар Урдаревски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 06.08.2024 во 19:42 часот во СВР Штип, И.Л.(43) од Штип пријавил дека на улица „Балканска“ во Штип бил каснат од куче со сопственик. ар/
Фото: МИА архива 

Остани поврзан