• среда, 18 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 17 декември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода А.А.(27) и еден малолетник, двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 13.00 часот во филијала на една банка на подрачјето на Чаир се обиделе за извршат разбојништво, при што од огнено оружје испукале неколку куршуми кон блиндор стаклото, но не повредиле никој. Веднаш потоа, во близина на местото бил затекнат А.А., а по преземени мерки бил пронајден и малолетникот и кај него бил пронајден нож. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 15:45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(24) од Скопје. При преглед кај него биле пронајдени и одземени повеќе од 200 пакувања бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и бела грутчеста материја и дигитална вага со остатоци од прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле 37 куршуми различен калибар. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него по брза постапка ќе биде поднесена соодветна пријава.

Синоќа во 20:30 часот на наплатна станица Сопот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода Н.А.(25) и Д.Ј.(19), двајцата од Велес, затоа што при преглед во патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки,  кое го управувал Н.А., а сопатник бил Д.Ј., била пронајдена и одземена зелена растителна материја. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Вчера во 13:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле Ж.Т.(22) од селоТуденце, тетовско, кој бил баран по централна и меѓународна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од 10 месеци за сторено кривично дело „прикажување порнографски материјали на дете“ по член 193 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.    

На 15 декември 2024 во 21:45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на магистралниот пат Кочани - Македонска Каменица, кај с.Дулица, патничко возило „опел“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(59) од Македонска Каменица се превртело на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка О.М.(56), а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници С.С.(59) и Т.М.(55), сите од Македонска Каменица, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

Вчера во 16:50 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, А.Б.Е.(33) од Скопје пријавил дека на ул.„Плачковица“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Вчера во 11:40 часот во СВР Битола, П.Т.(57) од село Брусник, битолско, пријавил дека на патот за село Брусник бил каснат од куче скитник.

Вчера во 11:40 часот во СВР Битола, С.Г.(44) од село Бистрица, битолско, пријавила дека на ул.„Солунска” во Битола била касната од куче скитник. дма/

Фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан