• среда, 18 декември 2024

Расчистено убиство во обид во Скопје, поднесена кривична пријава против две лица

Расчистено убиство во обид во Скопје, поднесена кривична пријава против две лица

Скопје, 17 декември 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека е расчистено убиство во обид од 10-ти овој месец и против две лица е поднесена кривична пријава од Единицата за насилен криминал – одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје.

Кривична пријава по брза постапка е поднесена против М.Е. од Скопје осомничен за кривично дело „убиство“ во обид и против Б.Р. од Скопје осомничен за кривично дело  „помагање на сторител по извршено кривично дело”.

МВР информира дека поради нерасчистени должничко-доверителски односи, на 10 декември 2024 пријавените отишле пред куќата на Д.Ј.(42) од скопското село Мирковци при што М.Е. од пиштол пукал кон него, но не го повредил.

- Судија на претходна постапка на М.Е. му определил мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Министерството за внатрешни работи. хс/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан