• недела, 24 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 27 август 2024 (МИА) - На 26.08.2024 во 21.00 часот на наплатната рампа Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на автобус со струшки регистарски ознаки, сопственост на превозно претпријатие од струшко Велешта, а управуван од А.Д.(54) од Куманово. При контролата било утврдено дека возачката картичка вметната во тахографот не е во сопственост на возачот кој го управувал автобусот. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоби за возачот, правното лице и управителот на правното лице по член 23 став 5, а казниво по член 55 став 1 и член 60 став 1 од Законот за работното време на мобилните работници со патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од 7.500 евра. Исто така, одземена е и возачката картичка. 

На 26.08.2024 во 20.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

На 26.08.2024 во 19.10 часот во с.Сопиште, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(25) од Берово, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

На 26.08.2024 во 12.20 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ц.(41) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

На 26.08.2024 во 21.20 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Т.(29) од с.Шишево, скопско, и Д.С.(23) од с.Орман, скопско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (27.08.2024) во 01.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.М.(25) од Штип, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

На 26.08.2024 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.И.(41) и  Н.А.(32), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека претходно на железничката пруга Велес – Градско уништиле и оштетиле јавна инсталација на Железници на Република Северна Македонија. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. 

На 26.08.2024 во 12.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода П.Ќ.(28), постапувајќи по претходна пријава од вработена во финансиско друштво дека приложил лажна патна исправа со апликација за подигање на кредит. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.     

На 26.08.2024 во 10.50 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с.Трново, битолско, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно подигнал една бомба од Првата светска војна. 

На 26.08.2024 во 08.50 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Л.(28) од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на  Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка. 

На 26.08.2024 во 09.00 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.М.С.А.(40) од Италија затоа што при извршена проверка во оперативната евиденција било констатирано дека тој и возилото кое го управувал биле барани по телеграма од СВР-Штип-ОВР Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 235 став 1 од Кривичниот законик. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Пробиштип за понатамошна постапка. 

На 26.08.2024 во 15.35 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на бул.„Ослободување“ во Кичево, патничко возило удрило во велосипед управуван од малолетник од Кичево, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево и се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 26.08.2024 во Полициската станица Карпош, Н.П.(18) од Скопје пријавила дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје била касната од куче скитник. 

На 26.08.2024 во 19.45 часот во Полициската станица Карпош, М.М.(49) од Скопје пријавила дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник. 

На 26.08.2024 во 20.20 часот во Полициската станица Аеродром, А.С.(31) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје била касната од куче скитник. 

На 26.08.2024 во 16.15 часот во Полициската станица Карпош, И.З.(19) од Скопје пријавила дека на кеј на река Вардар во Скопје била касната од куче скитник. 

 

Остани поврзан