• недела, 01 септември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 6 август 2024 (МИА) - Во СВР Куманово на 02.07.2024 било пријавено дека од дворно место на основно училиште во Куманово биле одземени повеќе предмети. По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Куманово го пронашле сторителот М.Г.(53) од село Романовце, кумановско, кој во службен разговор во полициска станица го признал делото. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против M.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.08.2024 во 18 часот, М.Д.(38) од ресенското село Јанковец пријавил дека во водите на Охридското езеро кај струшкото село Радожда забележал стара рачна бомба. Од извршениот увид е констатирано дека се работи за рачна бомба од италијанско производство од Втората светска војна. Бомбата била безбедно подигната од овластено стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување.

На 05.08.2024 во периодот од 11 до 15 часот на булеварите „Маршал Тито“, „Видое Смилевски Бато“, „Илинденска“ и кај надвозникот за село Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со службеници од Центарот за социјални работи презеле мерки и активности за спречување на питачење. Притоа, при питачење биле затекнати М.М.(27) од тетовско Прељубиште, Н.М.(22) од Куманово, О.Р.(47) од Битола, Р.И.(22) од Косово и еден малолетник. На сите им биле изготвени соодветни поднесоци, по што биле предадени на службениците од Центарот за социјални работи Тетово за понатамошна постапка.

Во Полициската станица Виница денеска (06.08.2024) во 02:37 часот било пријавено дека на локалниот пат село Јакимово – село Истибања, виничко, патничко возило „фолксваген голф“ со винички регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(18) од с.Истибања, излетало надвор од патот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал Р.Н., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

На 05.08.2024 во 15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на излезот од Прилеп кон Битола, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф” со крушевски регистарски ознаки, управувано од Џ.З.(29) од с.Борино, крушевско, патничко моторно возило „ауди” со битолски регистарски ознаки, управувано од В.К.(44) од Битола, патничко моторно возило „мерцедес” со словенечки регистарски ознаки, управувано од В.Б.(49) од Република Словенија и патничко моторно возило „бмв” со велешки регистарски ознаки, управувано од С.М.(18) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Џ.З., констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

На 05.08.2024 во 11:15 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од улица „Димитар Илиевски Мурато” и улица „Христо Христов” во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(37) од Прилеп и мопед „априлија” со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Ѓ.(31) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 05.08.2024 во 14 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот Гевгелија - Скопје, во близина на клучка кон село Миравци, настанал пожар во патничко возило „мини купер“ со српски национални ознаки, во движење, управувано од В.Г.(51) од Република Србија. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Гевгелија пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

На 05.08.2024 во 21:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода В.П.(66) од село Будинарци, беровско, поради основано сомнение дека околу 19.00 часот во село Будинарци физички нападнал малолетник од село Смојмирово, беровско, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.08.2024 во 13:15 часот во СВР Скопје, Б.Ј.(56) од Скопје пријавила дека на 03.08.2024 околу 16 часот на работното место во продажен објект на подрачјето на Карпош физички била нападната од С.В. - женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.08.2024 во 21 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15:30 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Ц.(39) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.08.2024 во 21 часот во СВР Скопје, И.Б.(39) од Скопје пријавил дека околу 20:30 часот во продажно место во населбата Илинден во Скопје, по претходно недоразбирање, неговиот малолетен син бил физички нападнат од С.В.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.08.2024 во 01:30 часот во СВР Скопје, А.Р.(23) од Скопје пријавила дека на 05.08.2024 околу 23:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, лицето А.Р. од Скопје, кој го познавала од порано, со употреба на сила ѝ го одзел мобилниот телефон и чантата со лични предмети и документи. Според пријавеното, откако ги одзел предметите, лицето побарало од неа да влезе во неговото возило ако сака да ѝ ги врати, по што со употреба на сила ја внел во возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.08.2024 околу 23 часот во ОВР Гостивар, Е.С.(26) од Гостивар пријавил дека на кеј на река Вардар бил каснат од куче скитник.

На 06.08.2024 во 8 часот во ОВР Гостивар, Д.Г.(67) од Скопје пријавил дека на магистрален пат Гостивар - Кичево бил каснат од куче скитник.  

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 08.08.2023 на бензинска пумпа во село Сарај, скопско, по претходна физичка пресметка, пријавениот со нож му нанел убодни рани на А.Б.(34) од Скопје.

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.М.(37) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 27.06.2024 во Кочани, пријавениот со дрвен предмет го нападнал Џ.А..

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.И.(47), Н.М.(40), М.А.(33), Ф.М.(24) и Ф.А.(18), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 09.04.2024, пријавените физички го нападнале С.Н. пред неговиот дом во село Миладиновци  и му нанеле повреди.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.К.(55) и О.Л.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 27.02.2024 во угостителски објект во Скопје, пријавените физички го нападнале С.О..

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Г. од село Калниште, пробиштипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 17.05.2024 на наплатна станица Романовце , кумановско, пријавениот физички го нападнал М.С..

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Б.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ и против Ѓ.Р.(39) од Скопје  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во тепачка“. На 19.03.2024 на автобуска постојка во Скопје, пријавените физички ја нападнале С.К.(43) и ѝ нанеле тешки телесни повреди.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.В.(46) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во април и мај 2024, пријавениот ги довел во заблуда А.Б. и Н.Б., прикажувајќи им лажни факти за полагање испит по германски јазик во институт во Скопје, при што Н.Б. уплатил 700 евра на пријавениот преку брза пратка на пари.   

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Џ.(24) од село Синичане и М.Н.(21) од село Палчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.12.2023 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило, во кое пријавените биле сопатници, при што кај нив бил пронајден хашиш.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.П.(31) од Република Турција, со привремен престој во Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.08.2024 на магистралниот пат Гостивар - Кичево, во близина на село Трапчин Дол, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „бмв“, управувано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Х.(50) од с.Неготино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 19.12.2023 во село Неготино, полициски службеници извршиле претрес во продажно место, при што биле пронајдени и одземени поголема количина пиротехнички средства.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(62) од село Неготино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 19.12.2023 во село Неготино, полициски службеници извршен претрес во продажно место, при што пронашле и одзеле пиротехнички средства.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(49) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“ и ,,недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 08.03.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и куршуми.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Д.(49) од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 01.05.2024, пријавениот физички ја нападнал својата 43-годишна сопруга, при што употребил и остар предмет и ѝ нанел повреда.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.С.(36) од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 02.07.2024, пријавениот физички ја нападнал својата 36-годишна сопруга.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.А.С. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 28.05.2024, пријавената физички нападнала директорка на основно училиште од Тетово.

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.С.(51) и С.С.(76), двете од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Во периодот од 05.05.2024 до 19.07.2024, пријавените следеле и вознемирувале женско лице.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.А.(54) од село Бенче, општина Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 09.10.2023 на улица „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници извршиле преглед на автобус „мерцедес“, управуван од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.ар/са/
Фото:МИА архива 

 

 

 

Остани поврзан