• петок, 27 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 30 септември 2023 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.Ф.(25), Д.Т.(36) и М.А.(52), сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 07.03.2022 во Штип, пријавените купиле марихуана од едно лице, која ја препакувале за продажба. При преглед кај нив, полициски службеници ја пронашле дрогата. 

Денеска (30.09.2023) во 03.00 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„16 Македонска бригада“, на влез-излез од парк-шума Гази Баба, патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(23) од Скопје, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетна сопатничка од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 29.09.2023 година во Полициската станица Валандово било пријавено дека настанал пожар во куќа во село Јосифово, валандовско. Во пожарот изгореле делови од покуќнина, а повредени лица нема. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Валандово пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот врши инспектор за пожари и екипа на Одделението за внатрешни работи Валандово.

На 29.09.2023 во 11.20 часот на Граничниот премин „Јажинце“ бил приведен Џ.Х.(57) од Р.Албанија, поради непријавен престој во РСМ. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.

Денеска (30.09.2023) во 01.15 часот во с.Липково, кумановско, полициски службеници од Полициското одделение Матејче го лишиле од слобода Х.М.(23) од кумановско, поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а приведена била и И.Б.(25) од Куманово, поради агресивно однесување кон полициските службеници. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против З.Г.(35) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 13.08.2023 во Кочани, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. 

На 29.09.2023 во 19.45 часот С.П.(59) од с.Башино Село, велешко, пријавила дека била нападната со тврд предмет од З.П.(60). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 29.09.2023 во 14.30 часот Е.П.(38) од Битола пријавила дека на 28.09.2023 околу 12.00 часот, во двор од основно училиште во Битола, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.09.2023 во 02.00 часот во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово бил лишен од слобода А.С.(44), поради тоа што на 28.09.2023 околу 23.30 часот во домот со тврд предмет ја нападнал неговата 79-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 29.09.2023 во 10.00 часот И.С.(65) од Тетово пријавил дека околу 09.00 часот во Тетово, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.З.(26) и Б.Ј.(26), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 13.09.2023 близина на Гевгелија, пријавените прифатиле и превезувале илегални мигранти со намера истите да ги пренесат до Куманово. Првопријавениот ги обезбедил возилата, го договорил транспортот и бил во улога на претходница, а второпријавениот во возилото превезувал пет мигранти (четворица од Сирија и еден од Авганистан). 

На 29.09.2023 во 16.30 часот И.Т.(41) од Битола пријавила дека околу 12.00 часот во Битола нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.09.2023 во 13.13 часот во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект во с.Никуштак, кумановско, по претходна вербална расправија помеѓу А.З.(29) од Куманово, од една страна и С.К.(32) од с.Орланци, Арачиново и А.Д.(36) од с.Черкези, кумановско, од друга страна, С.К. се здобил со повреда од остар предмет. Со лицата е извршен службен разговор во полициска станица и по комплетно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  

На 29.09.2023 во 16.00 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена пријавила дека на 28.09.2023 околу 21.00 часот, во домот на подрачјето на Бит Пазар, била физички нападната од нејзиниот сопруг В.Ф.(26) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.М.(31) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и  пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 18.08.2022 во Кочани, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 29.09.2023 во 15.25 часот Б.А.(43) од Гостивар пријавил дека околу 11.35 часот во Гостивар тој и неговиот брат биле физички нападнати од Р.Н. од с.Дебреше. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 29.09.2023 во 15.30 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Р.П.(77) од струмичко, поради тоа што на 27.09.2023 се обидел да изврши обљуба врз 64-годишна жена, негова сосетка. По расчистување на случајот.

На 29.09.2023 во 13.15 часот во Полициската станица Пробиштип Е.М.(29) од пробиштипско пријавила дека на 28.09.2023 околу 12.00 часот во основно училиште нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неговиот наставник В.П.(55). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Е.Ѓ.(35) од село Бучим, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 13.09.2023 по извршен преглед од полициски службеници на патничко возило „форд“, управувано од пријавениот, била пронајдена и одземена марихуана која била наменета за продажба.

На 29.09.2023 во 18.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Е.(56) од с.Желино, тетовско, кој претходно бил пријавен од С.А.(48) од с.Требош, тетовско, дека во угостителски објект во с.Требош физички се пресметувале, а потоа С.Е. му се заканувал со огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан