• среда, 27 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 31 декември 2023 (МИА) - Вчера во 18:40 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Л.К.(50) од Кавадарци затоа што се однесувал агресивно во семејниот дом и упатил закани на неговата 49-годишна сопруга. За настанот бил известен јавен обвинител, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска во 04:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Гази Баба биле опожарени патничко возило „форд“ и „бмв“, двете со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.Б. од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска во 03:15 часот на патниот правец Струмица - село Просениково, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ј.М.(29) од село Градошорци, струмичко, затоа што агресивно се однесувал и спречувал полициски службеници при извршување службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.12.2023 во 23:20 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што бил затекнат при користење пиротехнички средства на јавно место. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 30.12.2023 во 23:30 часот во СВР Скопје, П.Н.(35) од Скопје пријавил дека околу 16 часот на подрачје на Гази Баба бил физички нападнат од Љ.Т.(51) од Скопје. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 30.12.2023 во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Е.Н.(45) и Џ.У.(45), двајцата од Гостивар, затоа што во 13:50 часот на улica „Илинденска“ во Гостивар го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.   

На 31.12.2023 во 02:30 часот во ОВР Гевгелија, Н.Р.(42) од Гевгелија пријавил дека околу 01.05 во угостителски објект во центарот во Гевгелија, неговиот малолетен син бил физички нападнат од В.П. од с.Негорци, гевгелиско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.12.2023 во 18:20 часот во ОВР Гостивар, Г.С.(49) од Гостивар пријавил дека околу 17.50 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Гостивар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2023 во 03:10 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле З.С.(59) од Скопје затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон случајните минувачи. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.    

На 30.12.2023 во 20:50 часот во СВР Битола, Л.Н.(43) од Битола пријавила дека во близина на детски парк на ул.„ЈНА" и „Генерал Васко Карангелевски“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од четири малолетници од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 30.12.2023 во 17:12 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот дом на подрачје на Аеродром била пронајдена почината Ј.Ц.(61) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во домот имало чад од опожарен клима уред. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

На 30.12.2023 во 15:32 часот во СВР Битола, Е.В. пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат Х.В.(34) од Кавадарци. Според пријавеното, последен пат тој бил забележан во во с.Пласница. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 30.12.2023 во 22 часот во Полициската станица Гостивар, П.М.(33) од Гостивар пријавил дека на ул.„101“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.

На 30.12.2023 во 17:40 часот во ОВР Гостивар – Полициско одделение Галате, Ш.С.(43) од с.Врапчиште, гостиварско, пријавила дека во селото нејзиниот малолтен син бил каснат од куче скитник.свс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан