• понеделник, 29 јули 2024

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 31 октомври 2023 (МИА) - На 30.10.2023 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.Г.(35) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Прилеп, била пронајдена и одземена грутчеста материја. Лицето било приведено во Полициската станица Прилеп и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.10.2023  во 15.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д. (42) од Куманово. Тој се сомничи дека на 29.10.2023  насилно  влегол во деловен објект на бул. „Октомвриска револуција“ во Куманово и одзел повеќе предмети. М.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 30.10.2023 во 14.35 часот на булеварот „АСНОМ“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле С.Ѓ.(28) од охридското село Велестово. Тој бил баран со потерница врз основа на наредба од Основниот суд во Охрид за издржување затворска казна од шест месеци. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Струга за издржување на казната.  

На 30.10.2023 во 13.45 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.Ѓ.(28) од Крива Паланка, со престој во Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.10.2023 во 21.20 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.Б.(24) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.10.2023 во 22.10 часот во Стопански Двор-клучка обиколница, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Р.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.10.2023 во 22.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.М.(26) од скопско затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.10.2023 околу 20.45 часот на улица „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Ј.О.(30), М.Р.(30) и Х.А.(39), тројцата од Тетово, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

На 30.10.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола на  ул.„Климент Охридски" во Битола го лишиле од слобода  М.М.(41) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. Лицето било приведено во Полициската станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 333 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 119 санкции, 24 мерка за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло. Изречени се 18 мерки за користење мобилен телефон при возење, 16 санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила...

На 30.10.2023 во 15.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во атар на с.Сув Орах, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со пробни регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(20) од с.Петровец, Скопско и патничко моторно возило „мазда“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.Ц.(29) од с.Псача, општина Ранковце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и нивните двајца сопатници,  А.Д.(18) од с.Петровец и С.Ц.(37) од с.Псача, констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Куманово.

На 30.10.2023 во 21.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улица „7 Ноември“ во Охрид патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки удрило во паркирана работна машина, по што возачот го оставил возилото и го напуштил местото. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото, А.Д.(39) од Охрид, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.10.2023 во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во градски приватен автобус на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, додека се превезувала во него како патник,  паднала З.Љ.(57) од Скопје. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.10.2023 во 16.40 часот во Полициската станица Драчево, Л.Б.(18) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранко Заревски“ бил каснат од куче скитник.

На 30.10.2023 во 11.40 часот во СВР Тетово, 34 - годишниот тетовец В.С. пријавил дека во Тетово неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 30.10.2023 во 16.15 часот во СВР Куманово, Б.И. (43) од Куманово  пријавил дека во двор на основно училиште „Толи Зордумис“ во Куманово бил каснат од куче скитник. мд/

 

 

Остани поврзан