• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 17 април 2021 (МИА) - На улица „Борче Јовановски“ во Гостивај, денеска по полноќ, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ф.З.(28) и Б.Х.(21) двајцата од Гостивар кои ја прекршиле забраната за движење и кај кои била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Р.Х.Р.(30) од село Лисичани, општина Пласница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 30 декември 2020 година во Кичево, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.В.(18) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 24 јуни 2019 година во место викано „Драчевик“, полициски службеници одзеле канабис. На 16 април 2021 година во 04:29 часот било пријавено дека во село Жван се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе „Там“ со битолски регистарски ознаки управувано од Ф.Ш. од село Вирово и автобус „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки управувано од М.К.(56) од село Сопотница. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото С.Ш.(81) од село Вирово, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник од истото возило Б.Н.(72) од село Вирово констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Демир Хисар. Во текот на вчерашниот ден во 10:55 часот во Полициската станица Аеродром М.К.(47) од Скопје, пријавила дека на булелвар „АСНОМ“ била касната од бездомно куче. ки/

Остани поврзан