• среда, 13 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 18 април 2021 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола за санкционирање на возачите кои возат со брзина поголема од максимално дозволената. Преземени се 79 мерки, од кои 36 на битолското и 43 на поширокото прилепско подрачје. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Вчера во 13:45 часот во Полициска станица Неготино пријавено е дека околу 13 часот при изведување воени вежби на воениот полигон „Криволак“ припадник на Армијата се здобил со прострелна рана од пиштол во пределот на стапалото. Повредениот бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР-Кавадарци. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, во текот на вчерашниот ден спроведе засилени акциски контроли. Затекнати и санкционирани се 15 возачи на моторни возила кои извршиле неправилно престигнување на места каде престигнувањето е забрането. Дополнително евидентирани се и шест други прекршоци. На 16 април 2021 година, на улицата „Кузман Јосифоски Питу“ во Струга, полициските службеници при преглед кај Б.Д.(40) од струшкото село Ливада, пронајдоа и одзедоа нож. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Во текот на вчерашниот ден Г.Д.(43) од Кичево пријавил дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил нападнат од бездомно куче. На 17 април во 18:30 часот Г.П.Д.(36) од Битола пријавил дека истиот ден околу 16:30 часот во Битола неговиот малолетен син бил физички нападнат од К.П. Се работи на расчистување на случајот. Во текот на вчерашниот ден во 18:00 часот Ш.А.(34) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 16:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат со остар премет од Е.У.(34) од Скопје. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. На 17 април во 19:00 часот Ф.Б.(30) од Тетово пријавила дека во Тетово по претходна вербална расправија околу случена сообраќајна незгода била физички нападната од Н.М.(32) од Тетово. Се работи на расчистување на случајот. Во текот на вчерашниот ден во Полициска станица Центар, Д.Р.(20) од Скопје пријавил дека околу 20 часот на подрачје на Центар бил физички нападнат со метален предмет од две лица кои му одзеле пари, мобилен телефон и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 18 април во 01:53 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Чаирска“ настанал пожар при што бил опожарен трансформатор на ЕВН. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. ки/бак/

Остани поврзан