• недела, 28 јули 2024

Мајката која била алергична на своето бебе

Мајката која била алергична на своето бебе
Лондон, 22 февруари 2022 (МИА) - Британка раскажа како во текот на бременоста се борела со ретка болест поради којашто била „алергична“ на своето, сопствено бебе. Сепак, и бебето и мајката сега се чувствуваат многу подобро. Сè почнало кога Фиона Хукер забележала осип на својот стомак лани во април, кога била во седмиот месец од бременоста. Лекарот ѝ препишал крема, но осипот набрзо се претворил во плускавци. Лекарите потоа ѝ ја дијагностицирале ретката автоимуна болест - пемфигоид гестационис (ПГ). Според наводите, тоа се случува кај една од 50.000 жени, а реакцијата е предизвикана од генот на нејзиниот син поради што имунолошкиот систем „ја напаѓа“ нејзината кожа. Дерматолозите потоа ѝ препишале доза орални стероиди, кои требало да ги зема следните шест месеци. - Сè уште понекогаш чувствувам чешање, па користам крема на база на стероиди. Моето тело сè уште е во процес на опоравување, изјави Хукер за „Индепендент“. - Истражувањата покажаа дека осипот ќе се врати во идните бремености и ќе биде многу поболен. Мислам дека не би можела повторно да минам низ сè ова, признава таа. Иако осипот е речиси повлечен, тој сега може да се појави и од одредени хормони и, во помала мера повторно избувнува, на пр., при менструација.  си/

Остани поврзан