• четврток, 12 февруари 2026

„Матица македонска“ објави второ издание на „Македонска љубовна лирика“

„Матица македонска“ објави второ издание на „Македонска љубовна лирика“

Скопје, 12 февруари 2026 (МИА) - Во рамки на иницијативата „Подари книга, подари свет“ и по повод 35 години од основањето, „Матица македонска“ објави второ издание на антологијата „Македонска љубовна лирика“, приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски.

-Ова е најобемниот тематски избор од современата македонска поезија. На едно место, на речиси 500 страници, се собрани 342 најубави македонски љубовни песни од македонски поети од сите генерации. Со читањето на стиховите од „Македонска љубовна лирика“ се враќа вербата дека и во ова наше време може вистински да се љуби и македонската поезија да се чита со страст. Љубовта има многу јазици, а поезијата е нејзиниот најнежен јазик. Антологијата „Македонска љубовна лирика“ е вистински подарок за секој што сака да ја почувствува длабочината, страста и нежноста на македонскиот љубовен стих, соопшти „Матица македонска“. 

Информира и дека „Македонска љубовна лирика“ е меѓу големиот број наслови на попуст во текот на зимскиот саем „Книга во секој дом“, во книжарницата и онлајн.  Во текот на саемот „Матица“ ја почна и иницијативата „Подари книга, подари свет“ по повод Меѓународниот ден на дарувањето книги - 14 Февруари. хс/са/ 

Фото: „Матица македонска“ 

Остани поврзан