• среда, 25 декември 2024

Маск: Тесла ќе го претстави „Роботакси“ на 8 август

Маск: Тесла ќе го претстави „Роботакси“ на 8 август

Њујорк, 6 април 2024 (МИА) - Американскиот производител на електрични возила Тесла планира на 8 август да го претстави своето долго ветено самоуправувачко „Роботакси“, објави шефот на компанијата Илон Маск.

Тој не даде други детали во многу кратката објава на „X“. 

<blockquote class="twitter-tweet"><p lang="et" dir="ltr">Tesla Robotaxi unveil on 8/8</p>&mdash; Elon Musk (@elonmusk) <a href="https://twitter.com/elonmusk/status/1776351450542768368?ref_src=twsrc%5Etfw">April 5, 2024</a></blockquote> <script async src="https://platform.twitter.com/widgets.js" charset="utf-8"></script>

Според претходните изјави, автономното возило ќе се базира на нова техничка платформа која ќе го направи производството поефикасно и попрофитабилно.

Маск со години ветува дека Тесла ќе вози автономно и дека тоа радикално ќе ја промени вредноста на автомобилот и бизнис моделот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан