• среда, 25 декември 2024

Мареј се откажа од турнирите во Монте Карло и Минхен

Мареј се откажа од турнирите во Монте Карло и Минхен

 

Лондон, 29 март 2024 (МИА) – Шкотскиот тенисер Енди Мареј (36) ќе ги пропушти Мастерсот во Монте Карло и Отвореното првенство во Минхен следниот месец бидејќи се закрепнува од тешката повреда на зглобот на Мајами Опен, објави денеска неговиот тим.

Мареј го повреди зглобот во решавачкиот сет на мечот против Чехот Томаш Мачац, кој на крајот победи со 5-7 7-5 7-6(5) и тогаш изјави дека ќе биде надвор од теренот „долго време“.

„По консултација со својот тим и медицинските експерти, Енди Мареј донесе одлука да ги пропушти Мастерсот Ролекс Монте Карло и БМВ Опен Минхен, се вели во соопштението на неговиот тим.

Засега не е познато колку долго Мареј ќе паузира.

Поранешниот светски рекет број еден и трикратен грен – слем шампион претходно изјави дека не планира „да игра долго летово“, но се надева дека ќе се натпреварува на својата втора Олимпијада. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан