• недела, 24 ноември 2024

МАПАС издаде одобрение за основање друштво за управување со доброволни пензиски фондови

МАПАС издаде одобрение за основање друштво за управување со доброволни пензиски фондови
Скопје, 1 јуни 2022 (МИА) - Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС информира дека издаде дозвола број 04 за основање на друштво за управување со доброволни пензиски фондови на Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД СКОПЈЕ. Заедно со дозволата, што била издадена вчера, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС издала и условно одобрение број 04-02 за управување со доброволен пензиски фонд на Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД СКОПЈЕ. Ова одобрение, додаваат оттаму, е условно до основање на друштвото и упис на пензиското друштво во Централен регистер на Република Северна Македонија. Со овој чекор, велат од МАПС, се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови. сст/са/

Остани поврзан