• недела, 13 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Манасиевски: Апасиев со купен имот од банка, одземен присилно од неговиот претходен сопственик

Манасиевски: Апасиев со купен имот од банка, одземен присилно од неговиот претходен сопственик

Скопје, 7 април 2025 

Почитувани,

Левица и Димитар Апасиев се левичари од Али експрес.

Им се распрсна како меур од сапуница тезата дека се левичари во истиот момент кога купија 409м2 деловен простор во центарот на Скопје од банка, преку извршител.

Левица и Апасиев сега се радуваат на имот кој присилно му е одземен на претходниот сопственик кој не можел да ги сервисира долговите, а до пред само неколку дена се бунтуваа против извршителите.

Ништо повеќе што ќе каже Димитар Апасиев не држи вода.

Неговата политичка парадигма се покажа како гол популизам, втемелен на манипулации и злоупотреба на чувствата на граѓаните.

Сите можат да видат дека битката на Апасиев била за нови дуќани, џипови и луксузи.

Тоа што за обичниот граѓанин не е возможно, за Апасиев е можно.

 

Линк од видео материјал:


https://youtu.be/aHAL_E3iw-k

https://we.tl/t-odb1CT5nrb

 

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Остани поврзан