• среда, 13 ноември 2024

Мал спортски авион се урна кај Загреб, едно лице загина

Мал спортски авион се урна кај Загреб, едно лице загина

Загреб, 25 мај 2024 (МИА) -  Мал спортски авион попладнево се урна кај Загреб, при што едно лице загина, а тројца ја преживеале несреќата, јави хрватскиот портал „24 сата“. 

Авионот што се урна кај Загреб е лоциран, потврди хрватската полиција и соопшти дека се пружа помош на повредените.

„Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегле на терен и ја потврдиле точноста на пријавата. Се укажува помош на повредените, а местото на настанот е обезбедено“, соопшти хрватската полиција. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан