Повеќе од половина од лекарите во Италија се изложени на ризик од прекумерна исцрпеност
- Малку повеќе од половина од лекарите во Италија, 52 отсто, како и 45 отсто од медицинските сестри се изложени на ризик од прекумерна исцрпеност поради стрес и други видови на оптоварување, се вели во најновиот извештај на фондацијата Енпам и агенцијата за истражување Еурипес.
Рим, 16 декември 2024 (МИА) - Малку повеќе од половина од лекарите во Италија, 52 отсто, како и 45 отсто од медицинските сестри се изложени на ризик од прекумерна исцрпеност поради стрес и други видови на оптоварување, се вели во најновиот извештај на фондацијата Енпам и агенцијата за истражување Еурипес.
Како што се наведува во извештајот, тие често мораат да работат под стресни услови, во клиники каде што нема доволно медицински персонал, а се повеќе се соочуваат со агресивно, а понекогаш и насилничко однесување на пациентите и нивните семејства, пренесоа италијанските медиуми.
За нивниот обем на работа придонесува и тоа што голем дел од нив работат врз основа на договори за привремена работа, а во тој случај нивните плати се за 22 отсто помали од нивните колеги во другите европски земји. мс/
фото: МИА архива