• среда, 25 декември 2024

Македонски евергрини во  Виена со НУ Камерен Оркестар на Битола

Македонски евергрини во  Виена со НУ Камерен Оркестар на Битола

Битола, 10 септември 2024 (МИА) - НУ Камерен Оркестар на Битола, синоќа во Виена, во црквата Св. Ана, одржа  концерт „Македонски евергрини и повеќе“.

Во Виена, во величествената црква Св. Ана, еден од најубавите барокни храмови во австриската престолнина и со извонредна акустика, македонските уметници приредија празничен концерт, поводно за Денот на независноста.

Концертот го отвори амбасадорот Освит Росоклија, а присуствуваа амбасадори од повеќе земји, Македонци кои живеат во Виена и други вљубеници на македонските евергрини. Познатите вокали Ирена Крстеска, Агни Авшар и Ристо Самарџиев ја воодушевија публиката со изведби на безвременски македонски хитови како „Налеј, Налеј“, „Болен ми лежи“, „Елено ќерко“, „Бор садила мома Евгенија“, „Кажи зошто ме остави“, „Љубов неверна“ и многу други. Аранжманите на сите песни се дело на Владимир Димовски, диригент на концертот, соопштија од НУ Камерен оркестар на Битола,

- За нас, гостувањето во Виена, градот со најбогата музичка историја и дом на големите светски композитори, е огромна чест и привилегија. Виенската публика, со својата љубов кон музиката и уметноста, ни овозможи да го пренесеме духот на македонската музичка традиција на начин на кој најдобро знаеме – преку срце и душа. Ова гостување е огромен чекор за Камерниот Оркестар на Битола, и горди сме што можевме да бидеме дел од оваа грандиозна музичка сцена, истакна Владимир Димовски, диригент на оркестарот.

Гостувањето во Виена, воедно е прв настап на НУ Камерен Оркестар на Битола во главниот австриски град. мт/цр

Фото: НУ Камерен Оркестар на Битола

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан