• четврток, 26 декември 2024

Македонски државјанин приведен во Бургас под сомнеж за шверц на мигранти (ДПЛ)

Македонски државјанин приведен во Бургас под сомнеж за шверц на мигранти (ДПЛ)
Софија, 28 август 2022 (МИА) - Полицијата во бугарскиот град Бургас денеска приведе 60-годишен македонски државјанин под сомнеж дека во камионот што го управувал превезувал илегални мигранти по потекло од Авганистан. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според првичните податоци, во камионот имало најмалку 88 мажи од Авганистан. Тие биле натоварени во багажниот простор на камионот во областа Дебелт, од каде тој се упатил кон Бургас, при што бил запрен од полициска патрола. Камионот бил запрен околу 06:45 часот по локално време (05:45 часот по македонско време) во близина на бензинска пумпа во бургаската населба „Меден Рудник“, низ која минува главниот пат од Средец до Бургас. Полициската акција следувала откако полицијата добила информација дека во камионот кај Дебелт се натовариле мигранти, по што полициските службеници го пресретнале во Бургас. Македонскиот државјанин по приведувањето во полицијата изјавил дека со него не контактирале шверцери на мигранти, туку дека тој ги качил Авганистанците затоа што му ветиле дека ќе му платат за превозот. Авганистанците ноќе илегално ја преминале бугарско-турската граница и рано утрото го се качиле камионот со скопски регистарски таблички. нк/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан