• сабота, 23 ноември 2024

Македонските фудбалери против Ерменија на 17 октомври во Струмица

Македонските фудбалери против Ерменија на 17 октомври во Струмица

Скопје, 15 септември 2023 (МИА) – Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Фудбалската асоцијација на Ерменија (ФФА) го потврдија, како што е соопштено денеска, контролниот натпревар меѓу репрезентациите на двете земји.

Македонските фудбалери ќе ја пречекаат Ерменија на 17. октомври на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица со почеток во 15:00 часот.

Македонската репрезентација во досегашните 11 дуели против Ерменија има ефект од пет победи, три порази и исто толку нерешени.

Последниот дуел против Ерменија го одигравме на 11. ноември 2021 година во квалификациите за СП 2022, кога избраниците на селекторот Благоја Милевски триумфираа со 5:0.

Пријателскиот натпревар против Ерменија ќе уследи по дуелот кој македонската репрезентација ќе го одигра на 14 октомври против Украина во Прага во рамки на квалификациите за ЕУРО2024. ег/цр

Фото: ФФМ

Остани поврзан