• среда, 01 април 2026

Македонските кошаркарки против Романија и Естонија во претквалификациите за Евробаскетот 2029

Македонските кошаркарки против Романија и Естонија во претквалификациите за Евробаскетот 2029

 

Мис, 31 март 2026 (МИА) – Во седиштето на ФИБА во швајцарскиот град Мис вечерва со жрепка беше одреден составот на групите во претквалификациите за пласман на Европското првенство за кошаркарки во 2029 година.

Жрепката ја смести македонската репрезентација во групата Ц заедно со романија и Естонија.

Првопласираните селекции од трите групи и најдобрата второпласирана, ќе обезбедат пласман во наредната натпреварувачка фаза.

Претквалификации за Евробаскет 2029

ГРУПА А: Швајцарија, Исланд, Азербејџан, Ирска

ГРУПА Б: БиХ, Норвешка, Кипар

ГРУПА Ц: Македонија, Романија, Естонија. ег

ФОТО: КФСМ

Остани поврзан