• среда, 18 март 2026

Македонските државјани во Бахреин в среда со специјален лет се очекува да се вратат во земјава

Македонските државјани во Бахреин в среда со специјален лет се очекува да се вратат во земјава

Скопје, 9 март 2026 (МИА) - Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин дека в среда ќе поаѓа автобус од Бахреин за Ријад, од каде со специјален лет ќе се вратат во земјава.

-Информираме дека во среда, на 11 март во 06.00 часот наутро, ќе поаѓа автобус на Flynas од Bahrein (Manama) za Riyadh – King Khaled International Airport од каде со специјален лет организиран од Владата на Македонија ќе се вратите во нашата земја.
Локација на поаѓање од Manama/ Bahrein - the gathering point - location for departure of buss, стои во известувањето на Амбасадата на Фејсбук.

null

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски претходно денеска информира дека во тек е координиран процес на евакуација на македонските државјани од повеќе земји на Блискиот Исток, кој, како што рече, се очекува да биде финализиран до крајот на оваа недела.

На прес-конференција во Владата, Муцунски истакна дека од првиот момент на ескалацијата на безбедносната криза е воспоставен кризен механизам преку Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва. – Од првиот момент на ескалацијата на безбедносната криза на Блискиот Исток, Владата и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија воспоставија постојан кризен механизам. Преку формирање на кризен штаб и дипломатско-конзуларните представништва, бевме во 24-часовна комуникација со македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја, со јасна цел – нивна безбедна, навремена и организирана евакуација - рече Муцунски.

Тој додаде дека во изминатите 12 месеци ова е трета комплексна операција од ваков обем. нд/ев/

Фото: МИА архива


 

Остани поврзан