• среда, 13 ноември 2024

Од февруари ќе се изучува македонскиот јазик на Универзитетот во Тирана

Од февруари ќе се изучува македонскиот јазик на Универзитетот во Тирана

Скопје, 14 декември 2023 (МИА) - Во февруари следната година ќе започне наставата по македонски јазик на новоотворениот Лекторат по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, информираат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ. 

Оттаму посочуваат дека наставата ќе ја одржува новоизбраната лекторка д-р Славица Свидерска и дека се во тек процеси на одредување на статусот на предметот Македонски јазик.

На иницијатива на директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје, проф. д-р Кристина Николовска, како што се посочува во соопштението, Лекторатот, покрај редовната настава ќе овозможи и бесплатни онлајн часови по македонски јазик за почетно ниво за заинтересираните студенти од Универзитетот во Тирана.

Наскоро се планира и официјализирање на соработката и средба на претставници од двата универзитети во Тирана и официјално реактивирање на Лекторатот по македонски јазик во Тирана. бт/бак/

Фото: Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје

Остани поврзан