• петок, 27 декември 2024

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години подобра од Грузија

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години подобра од Грузија
Скопје, 5 август 2021 (МИА) – Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација синоќа ја победи Грузија со 69:66. Ова беше втор натпревар и прв триумф за „црвено-жолтите“ на ФИБА Челенџер турнирот во Скопје. Најефикасни во победничкиот тим беа Митревски и Наков со по 19 поени. Вечер од 21 часот македонските кошаркари се среќаваат со фаворитот Шпанија. зс/

Остани поврзан